Анимација покажува како китовите се присилени да избегнуваат бродови додека се хранат (ВИДЕО)

Анимација објавена на Твитер ја покажува борбата на еден кит кој е присилен да ги избегнува големите бродови за да се храни.

EPA-EFE

Китот е следен во заливот Корковадо, а на анимацијата е означен како сина точка, додека другите точки ги претставуваат бродовите. Анимацијата е објавена со истражување на траекториите на китовите и бродовите, а движењето на китовите е следено во период од три месеци, по што тие траектории се споредени со движењето на бродовите.

Научниците кажаа дека резултатите укажуваат на потребата од мерки кои ќе ги заштитат китовите, а кои подразбираат закон за брзината на пловењето. Целта е да се спречи бродовите да удираат во китовите кои се наоѓаат во тие води. Колку се китовите загрозени најдобро покажува анимацијата.

Јасно е дека китовите ги загрозуваат големиот број транспортни и рибарски бродови кои се движат брзо и кои можат да предизвикаат сериозни, понекогаш и фатални повреди на китовите.

Колку случаи на контакт се случуваат е невозможно да се утврди бидејќи таквите ситуации често не се пријавуваат. Сините китови се загрозен вид, а секој загинат кит е голема трагедија по децениите лов, кој драматично ја намали нивната популација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе