Американското воздухопловство за првпат го испрати Ф-35 во борбена мисија (ФОТО)

Речиси три години откако американското воено воздухопловство го прогласи најновиот американски борбен авион Ф-35А за подготвен за борбена должност, два стелт авиони конечно видоа акција над планините на Ирак, бомбардирајќи цели на Исламска држава, соопшти американската војска.

Нападите како поддршка на операцијата Постојана решителност биле извршени од страна на два Ф-35А лајтнинг 2 авиони на американското воено воздухопловство над Вади Ашаи во Ирак.

„Два авиони Ф-35А извршија воздушни напади врз позиции на Даеш (Исламска држава), мрежа од тунели и магацин за оружје во планините Хамрин, локација од која напаѓаа сојузнички сили. Овој напад е првата воена мисија на авиони Ф-35А“, се вели во соопштението.

Петнаесет години откако компанијата Локид Мартин го доби договорот за изработка на авионот, американското воено воздухопловство го прогласи Ф-35А за подготвен за борбена должност во август 2016. Потоа бе потребни речиси три години за да се употреби авионот од петтата генерација во воена ситуација.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе