Американска компанија направи тест за коронавирусот кој дава резултати за пет минути

Соединетите Амеркански Држави одобрија брз тест чија цел е за само неколку минути да се утврди дали некое лице е заразено со коронавирусот.

Компанијата Ебот лабораторис, која го дизајнирала уредот, вели дека тој е мал и пренослив, оприлика со големина на тостер, и дека во случај на потреба може да се употребува и надвор од болница.

Со тестирање во рок од пет минути може да се утврди дали некое лице е заразено со коронавирусот, а да 13 минути може дефинитивно да се утврди дали лицето е негативно на вирусот, се вели во соопштението на компанијата.

Управата на Ебот вчера објави дека добила итно одобрение од Управата за храна и лекови (ФДА) за почеток на производство на уредот и дека наскоро ќе почне да произведува 5 милиони примероци месечно.

Минатиот викенд ФДА одобри постапка на тестирање која требаше да дава резултати во рок од 45 минути. Но проблемот е во тоа што уредите на произведувачот Сефеид се користат главно во болниците.

Борбата со коронавирусот во САД на почетокот на избивањето на пандемијата беше отежната поради недостигот од соодветни тестови, а во случаите кога биле тестирани примероци имаше застој поради спориот пренос на информациите за резултатите на тие тестирања.

Во Соединетите Држави денес има повеќе потврдени случаи на ковид-19, болеста што ја предизвикува вирусот САРС-ков-2, отколку во која било друга држава во светот.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе