„Се поминува моралната линија“

Американска фирма стави снајперска пушка на робот, експертите стравуваат (ФОТО)

Компанија специјализирана за воени роботи, Гоуст роботикс, произведе робот на кој монтираше снајперска пушка.

Твитер

„Ги одржуваме САД и нашите сојузнички специјални сили со најновите иновации“, објави компанијата на Твитер со фотографија од четириножниот робот опремен со снајпер.

Самата пушка под назив СПУР е произведена од компанијата Сорд интернешнал посветена на производство на оружје и ја опишуваат како „автоматски управувана пушка за специјални цели“.

„СПУР е направена за да понуди прецизен оган на автоматизираните платформи како роботот Вижн-60 на Гоуст роботикс. Благодарение на напредните сензори СПУР може да функционира во разни временски услови, и дење и ноќе’, се наведува на страницата на Сорд интернешнал.

Не е познато со колкава автономија располага роботот на Гоуст роботикс и дали е замислено со него да управува човек. Она што се знае е дека пушката користи куршуми со калибар од 6,5 милиметри, развиени за истрели од голема оддалеченост.

Новинарите на порталот Фјучуризм разговарале со експерти за веѓтачка интелигенција, кои стравуваат од тешко вооружениот робот.

„Со ова се преминува моралната, легалната и техничката линија и нè води во насока на мрачен и опасен свет“, вели Тоби Волш, професор по вештачка интелигенција на универзитетот на Сиднеј. „Такви оружја ќе користат и терористите и државите кои се закана за меѓународниот мир“.

Професорот Волш додава дека, иако не се знае колку е роботот на Гост роботикс автономен, светските војски уште сега знаат да ја замаглат линијата меѓу смртоносните дронови со кои управуваат луѓе и они кои имаат можност за автономно пукање.

Потсети на минатогодишниот инцидент кога ирански научник беше убиен од израелски роботски дрон со вештачка интелигенција.

„Се надевам дека ваквиот развој на настаните ќе ги забрза разговорите кои во моментов се водат во Обединетите нации за ваквите технологии да се регулираат и да се стишат оние кои тврдат дека сме далеку од таквите технологии. Не сме“, вели тој.

Стјуарт Расел, компјутерски научник од универзитетот во Беркли, кој опширно пишува за смртоносните автономни системи, кажа дека на социјалните мрежи забележал главно негативни реакции на вооружениот четириножен робот.

„Тоа е затоа што нормалните луѓе сфаќаат дека е лоша идеја да им се дозволи на роботите сами да одлучуваат за убивањето луѓе. Како што некој напиша, филмот Терминатор беше предупредување, а не упатство“, кажа Расел.

Легенда под Главна слика

Твитер

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе