Аларми за чад и пожар на вселенската станица

Алармите за пожар и чад рано утрово се огласиле на рускиот дел од Меѓународната вселенска станица, а миризбата на изгорена пластика стигнала и до американскиот дел.

Фото: ЕПА

Руската вселенска агенција Роскосмос рече дека има проблем со модулот Ѕвезда, во кој се сместени станбени простории и кој во последно време се справува со истекување воздух, што наводно се случува кога батериите на вселенската станица се полнат.

Францускиот астронаут Томас Песке изјави дека „мирисот на запалена пластика или електронска опрема“ стигнал до американскиот дел на станицата, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на пренос на НАСА.

Роскосмос рече дека двајцата космонаути во бродот, Олег Новицкиј и Пјотр Дубров, активирале филтер за воздух што го вратил квалитетот на воздухот во нормала пред да се врати на „ноќна пауза“, според АП.

„Сите системи функционираат нормално“, додава агенцијата. Проблемот, најнов од аспект на стареењето на вселенската станица, се случил само неколку часа пред космонаутите да ја почнат шестчасовната вселенска прошетка за да го подготват модулот Наука за операции по неговото проблематично пристигнување во јули. Тоа заврши со поместување на вселенската станица од позицијата во инцидент што руските власти го припишуваат на дефект на софтверот.

Преносот во живо од вселенската прошетка веќе е почнат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе