„Нападот на хотелот ДушитД2 во Наироби“, наградената фотографија на Даи Курокава

На престижниот конкурс за светска новинска фотографија, фотографот на ЕПА, Даи Курокава го освои второто место во категоријата „Спот Њуз“. 

Фотографијата е момент кога во главниот град на Кенија, Наироби, група на жени се евакуираат додека специјалните единици ги бараат сторителите на бомбашкиот напад во луксузниот хотел „ДушитД2“.
 
Пет напаѓачи фрлија бомби на автомобили на паркингот пред влезот на хотелот, а еден изведе и самоубиствен бомбашки напад. Најмалку 700 луѓе беа евакуирани од хотелскиот комплекс, 21 беа убиени, а 28 ранети. 
 
Исламистичката екстремистичка група „Ал Шабаб“ со седиште во Сомалија ја презеде одговорноста за нападот, и излезе со соопштение дека тој е извршен како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел.
 
Во комплексот „ДушитД2“ се сместени голем број на меѓународни компании, а го посетуваат владини претставници и странски посетители, што го прави цел што ќе го привлече вниманието на медиумите.
 
Нападот и последователната безбедносна операција траеше 20 часа, а заврши со убиство на сите пет напаѓачи.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе