Кина поради климата престанува да финансира изградба на термоцентрали на јаглен во светот

Кина планира да престане со изградба на електрани на јаглен во странство и да ја зголеми поддршката за посиромашните земји во развојот на чиста енергија, изјави претседателот Си Џинпинг на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Најавата следува една година откако Си Џинпинг ги изненади светските лидери со ветување дека ќе ја направи Кина неутрална на јаглен до 2060 година.

Кинескиот претседател беше под притисок да го поддржи тоа ветување со конкретни краткорочни цели пред глобалните преговори за климата, познати како ЦОП26, кои ќе се одржат во шкотскиот град Глазгов во ноември, пишува Блумберг.

„Кина ќе ја зајакне поддршката за земјите во развој во развојот на зелена енергија и енергија со ниска содржина на јаглен и нема да гради нови проекти за енергија на јаглен во странство“, рече Си во обраќањето.

Објавата на претседателот на Народна Република Кина значи дека може да пресуши еден од последните извори на финансирање глобални проекти на електрани на јаглен.

Според Меѓународниот институт за зелени финансии со седиште во Пекинг, повеќе од 70 проценти од сите електрани што работат на јаглен се потпираат на кинески средства.

Кинеската иницијатива „Појас и пат“ за странски развојни проекти не финансираше ниту еден проект на такви електрани на јаглен во првата половина од оваа година, што се случи за прв пат.

Американскиот претседател Џозеф Бајден претходно во ОН вети дека ќе ја дуплира сумата на пари што Америка ќе ги потроши за да им помогне на посиромашните земји во борбата против климатските промени.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чија нација е една од ретките што не го ратификуваа Парискиот договор за климата, рече дека турскиот парламент следниот месец ќе работи на одобрување на тој важен договор.

Најавата на Си влева нова надеж во разговорите во Глазгов, кои се дефинирани како „тешки“. Делегатите изразија загриженост дека тензиите меѓу САД и Кина можат да му наштетат на напредокот во прашањата од подигање на целите за намалување на емисиите до справување со истекувањето метан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе