Индија и Кина ги повлекуваат војниците од спорниот хималајски регион, поставија тампон-зона (ВИДЕО)

Индија и Кина го почнаа повлекувањето на војниците од спорниот хималајски регион Ладак, во кој минатиот месец во судир со кинеските војници загинаа дваесетина припадници на индиската војска, соопштија денес индиски извори.

EPA-EFE

Извор од индиската влада кажа дека повлекувањето е договорено со кинеската војска по средбата на највисоки воени функционери на двете земји одржана во средата.

Индиските медиуми денес пренесоа дека кинеските војници ги отстрануваат шаторите и инфраструктурата од пунктот во близина на долината Галван каде што минатиот месец се случи крвавата пресметка.

Телевизијата НДТВ известува дека припадниците на двете војски се повлекле најмалку по еден километар и дека е формирана тампон-зона.

Долгогодишниот спор меѓу двете најмногубројни земји во светот ескалираше на 15 јуни, кога во долината загинаа дваесетина индиски војници што ги крена тензиите меѓу Кина и Индија.

Кина не откри колку нејзини војници загинале во инцидентот, а индиски воени извори проценија дека биле околу 40. Тоа беше најлошиот отворен конфликт меѓу двете нуклеарни сили во последните 45 години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе