Жолтите елеци досега направиле штета од 217 милиони евра

Осигурителните компании досега исплатиле 217 милиони евра отштета за материјалната штета предизвикана во протестите на Жолтите елеци во Франција, пред сѐ на трговците, се наведува во извештајот на францускиот Сенат.

Според извештајот што го пренесува весникот Ле Паризјен, а кој бил поднесен од надворешнополитичкиот одбор на Сенатот, осигурителните компании исплатиле до крајот на мај 217 милиони евра делумна отштета за материјалната штета направена на протестите кои почнаа кон средината на ноември и понекогаш беа прилично насилни. Тие сѐ уште се оддржуваат, но се сѐ послаби.

Штетата од загубите во работењето која ја претрпеле трговците и претпримачите во центарот на градот се проценува на просечно 30 отсто од прометот, а осигурителните компании тоа не го покриваат.

Работната група која го подготвила извештајот смета дека француската држава треба да формира национален фонд за надомест на таа штета.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе