Западот размислува да формира „картел“ на купувачи на нафта

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека со американскиот претседател Џо Бајден разговарал за формирање „картел“ на купувачи на нафта.

EPA-EFE

Целта е да се убедат земјите од ОПЕК да го засилат производството. Кажа и дека размениле мислења за воведување ограничување на цените на нафтата и гасот.

Драги им кажа на новинарите во Вашингтон дека тој и Бајден „споделиле незадоволство“ околу структурата на глобалните енергетски пазари и дека разговарале за „општиот концепт“ за ограничување на цените на нафтата и гасот.

„Двајцата сме незадоволни од начинот на кој функционираат нештата, кога станува збор за нафтата во САД и гасот во Европа. Цените немаат никаков однос кон понудата и побарувачката“, им кажа Драги на новинарите.

Ограничувањето на цените на гасот, како што наведе, би ја „намалило финансиската поддршка која му ја пружаат на (рускиот претседател Владимир) Путин да ја продолжи војната“ и би било корисно за европскиот „пазар на струја“, а „истата идеја би можела да се примени на нафтата на глобално ниво“.

„Идејата е да се создаде картел на купувачи, или да се убедат големите произведувачи, а особено ОПЕК, да го зголемат производството, што е можеби и најпожелниот пат“, кажа Драги, иако призна дека таа идеја нема едногласната поддршка во самата Европска Унија.

Пред избивањето на конфликтот во Украина во февруари, уделот на рускиот природен гас во вкупниот италијански увоз на тој енергенс изнесуваше околу 40 отсто, додека рускиот удел во увозот на гас во ЕУ во целина беше околу 45 отсто. Драги сега работи на наоѓање други доставувачи, а претходно месецов потпиша договор со Алжир.

ОПЕК досега ги одбиваше барањата на САД и нивните сојузници да го зголеми производството на нафта за да се ублажат последиците на нивното ембарго против Русија. Вашингтон се обрати до Иран, Венецуела и неодамна до Бразил со барање да го зголемат пумпањето нафта, но наиде на негативен одговор од сите три земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе