Волстрит падна

Вчера цените на акциите на Волстрит паднаа поради политичката неизвесност во Вашингтон и евентуалното отстранување на акциите на кинеските компании од американските берзи, што би можело повторно да ги заостри трговските односи меѓу САД и Кина.

Берзанскиот индекс Дау Џонс падна за 0,26% на 26.820 поени, додека С&П500 се лизна 0,53%, на 2.961 поен, а индексот Насдак 1,13% на 7.939 поени.

Инвеститорите ги загрижи пишувањето на медиумите дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува да ги тргне акциите на кинеските компании од американските берзи, како дел од обидот за намалување на американските инвестиции во кинески компании.

Како резултат на тоа, паднаа цените на акциите на кинеските компании како „Алибаба холдинг“ и „Баиду“, а се зголемија стравувањата од нови тензии меѓу Вашингтон и Пекинг.

Ден порано овие тензии се чинеше дека попуштаат бидејќи кинескиот министер за надворешни работи изјави дека Кина е подготвена да купува повеќе американски производи, а дека владата на Трамп покажала добра волја со изземањето на голем број кинески производи од списокот на оние за зголемување на царините.

Медиумите објавија дека преговорите треба да продолжат во Вашингтон на 10 и 11 октомври.

„Ако отстранувањето на кинеските акции од берзата предизвика распродажба на берзата во Шангај, тоа ќе создаде проблеми за Кина и може негативно да влијае на трговските преговори“, вели Мајкл О'Рурк, стратег во компанијата Џонс трејдинг.

Инвеститорите се претпазливи и поради политичката неизвесност во Вашингтон, откако свиркач од разузнавачката заедница откри дека претседателот Трамп ја искористил својата позиција за да ја вплетка Украина во претседателските избори во 2020 година, загрозувајќи ја националната безбедност на САД.

Во текот на изминатата недела Дау Џонс падна за 0,4 проценти, додека С&П500 падна за 1, а Насдак индекс 2,2 проценти. За последниве два ова е најголемата неделна загуба од август.

На европските берзи, пак, цените на акциите вчера се зголемија. Лондонскиот индекс ФТСЕ скокна за 1,02% на 7.426 поени, додека франкфуртскиот ДАКС порасна за 0,75% на 12.380 поени, а парискиот CAC за 0,36% на 5.640 поени.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе