Во ќар само комуналниот и потрошувачкиот сектор

Вол стрит падна

На Вол стрит во четвртокот паднаа берзанските индекси, при што Дау Џонс лизна од рекордното ниво, што е најмногу последица на падот на цените на акциите во технолошкиот сектор, а инвеститорите ги разочараа и слабите индикатори од пазарот на труд.

EPA-EFE

Под притисок беа и акциите на големите технолошки компании, како Епл, Фејсбук и Тесла, бидејќи инвеститорите се повлекуваат од тој сектор кој со месеци на пазарот предводеше по растот.

Меѓутоа, додека во претходните денови растеа цените на акциите во цикличните сектори, како енергетскиот, рударскиот и финансискиот, кои би требало да имаат најмногу корист од новите мерки за поттик и заздравувањето на економијата од коронакризата, паднаа и тие сектори.

Од 11 најважни сектори на С&п 500 индексот, во ќар се само комуналниот и потрошувачкиот.

Подобрите од очекуваното бизнис резултати на компаниите, напредокот во вакцинирањето против коронавирусот и надежта во новиот пакет на субвенции вреден 1,9 билиони американски долари поттикнаа на почетокот на неделата раст на берзанските индекси на рекордно ниво.

Директорот во компанијата Гленмеде, Џејсон Прајд, кажа дека акциите, откако со месеци им растеа цените, се во областа на преценетост.

„На пазарот и понатаму има оптимистична атмосфера. Економијата ќе заздрави, благодарение на вакцинирањето против ковид-19, меѓутоа таа приказна е веќе вградена во цените на акциите, кои се во областа на преценетост. Пазарот ќе мора да се бори со тоа“, кажа Прајд.

Инвеститорите ги колебаат и послабите од очекуваните показатели од американскиот пазар на труд. Бројот на првите барања за помош на невработените минатата недела порасна на 861 илјада, додека неделата претходно изнесуваше 848 илјади.

Расте и загриженоста на пазарот поради можното јакнење на инфлацијата. Дел од аналитичарите предупредуваат дека огромните фискални и монетарни субвенции би можеле набрзо да ја кренат инфлацијата, што би ја натерало американската централна банка, Федералните резерви (Фед) да ги зголеми клучните камати порано отколку што очекува пазарот.

Затоа дел од инвеститорите почнуваат да се пренасочуваат од поризичните инвестиции кон обврзниците, кои носат помалку, но посигурно заработки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе