Во Давос

Економист-нобеловец веднаш го поби говорот на Трамп: „Сосема погрешно ја карактеризира економијата“

Угледниот професор даде листа со проверка на факти што го побива говорот на американскиот претседател.

Добитникот на Нобеловата награда за економија Џозеф Стиглиц даде презрива анализа на говорот на Доналд Трамп на Светскиот економски форум и рече дека претседателот погрешно ја претставува економијата и дека не го ни споменал проблемот со климатските промени.

Во неговиот говор пред политичките и деловните лидери во Давос 2020 Трамп се фалеше со список од наводни достигнувања на неговата администрација од стапувањето на должноста пред три години.

Сепак, Стиглиц веднаш го поби говорот и тврди дека „карактеризацијата на економијата му е тотално погрешна“.

„Тој успеа да не каже апсолутно ништо за климатските промени“, рече економистот, изразувајќи фрустрација за пропустот на претседателот да се зафати со климатските проблеми покрај обврската да се приклучи во иницијативата за засадување трилиони дрвја низ светот.

„Во меѓувреме, ние ќе се спржиме“.

На публиката пред која зборуваше претседателот Стиглиц ѝ предал листа со факти што ги оспоруваат тврдењата на Трамп за економијата.

Говорот на претседателот оваа година беше примен со скоро тотален молк од публиката, за разлика од неговиот говор во 2019 година, кога беше пречекан со повремени „уа“ и смеа.

Стиглиц е истакнат критичар на економската политика на Доналд Трамп, а во понеделникот објави остра критика за неговите достигнувања.

„Трамп можеби е добар претседател за најбогатите 1 отсто - а особено за најбогатите 0,1 отсто - но тој не беше добар за никого друг“, напиша тој во Гардијан.

„Што е уште полошо, (економскиот) раст што се случи не е еколошки одржлив - а уште помалку благодарение на задушувањето од администрацијата на Трамп на регулативите што поминаа низ строги анализи на цената и придобивките. Воздухот потешко ќе може да се дише, водата помалку ќе може да се пие, а планетата ќе биде поподложена на климатски промени“.

Повеќе од 90 правила и регулативи за животната средина се укинати или се во процес на укинување од страна на администрацијата на Трамп, според анализата на Њујорк тајмс во декември.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе