Оваа инфлација, повеќе од седум пати повисока од првичната цел на владата, се објаснува со падот на вредноста на турската лира од речиси 45 отсто во однос на доларот во последната година.
Инфлацијата која достигна 21,31 отсто на годишно ниво во ноември стана многу бурна политичка тема во Турција, 18 месеци пред следните претседателски избори предвидени за 2023 година.
Опозицијата во последните месеци ја обвинува Националната канцеларија за статистика дека намерно ги намалува извештаите за тоа колку растат цените.
За граѓаните на земјата падот на вредноста на валутата се гледа во скокот на цените кој тешко се издржува бидејќи земјата е многу зависна од увозот, особено на суровини и енергенси.
По повеќенеделните историски загуби на вредноста турската лира силно се опорави кон средината на декември по итните мерки кои ги најави претседателот Реџеп Таип Ердоган и масовните продажби на резервите во долари, но во последните денови таа повторно ја губи вредноста во однос на доларот.