Во мај пораснала вредноста на кинеската надворешна трговија

Вредноста на кинеската надворешна трговија повторно пораснала во мај, покажуваат објавените официјални податоци.

EPA-EFE

Според податоците на кинеската царинска управа, извозот од втората по големина светска економија во мај на годишно ниво скокнал за 27,9 отсто, на 263,9 милијарди американски долари. Увозот истовремено пораснал за 51,1 отсто, на 2018,4 милијарди долари.

Причината за големиот раст во однос на минатата година се препишува на ефектот на ниската база, односно големиот пад на трговската размена минатата година поради пандемијата, па во споредба со минатогодишните показатели годинешниот е значително поголем.

Иако кинеската надворешна трговија со месеци е во подем, аналитичарите во мај очекувале уште посилно јакнење.

Рекордниот раст на кинеската економија почна на почетокот на годината и економските активности во првиот квартал пораснале за 18,3 отсто, во однос на истиот период лани. Тоа е најголемиот скок во последните 30 години, колку што се објавуваат тримесечните статистики.

Владата во Пекинг воведе „нулта ковид“ стратегија. Со примена на полициски час, масовни тестирања, барање на контактите, карантин и строги ограничувања на влезот, земјата успешно ја контролира заразата со вирусот.

Од минатото лето нема поголеми ширења на болеста, а тоа овозможи економијата и секојдневниот живот да се вратат на нормала.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе