Во Америка за една недела 3,3 милиони луѓе добиле отказ

Рекордни 3,3 милиони Американци се пријавиле за надомест за невработени минатата недела, што е без преседан во американската историја.

Досега рекордот го држеше една недела од октомври 1982 година кога 695.000 луѓе добиле отказ во една недела. бројката од 3,3 милиони невработени е еден од многубројните показатели како кризата со коронавирусот ќе влијае врз американската економија за која Конгресот вчера одобри помош од два билиони долари (2 илјади милијарди долари).

Пред три недели само 200.000 луѓе се пријавиле за надомест за невработени, што беше најмалку во историјата. Њујорк тајмс пишува дека шокантниот број откази не ја отсликува вистинската слика на ударот врз американската економија бидејќи многу американски работници не можат да аплицираат за надомест, односно оние кои работат на пола работно време, оние кои имаат многу ниски плати, самовработените и оние кои се со договор на дело.

Аналитичарите очекуваат дека ова е само почетокот и дека следните бројки ќе бидат уште пострашни. Експертите сметаат дека кризата со коронавирусот целосно ќе го збрише економскиот раст во последните десет години и ќе ги врати САД на времето од крајот на финансиската криза. Речиси сите сојузни држави воведоа делумни или целосни рестрикции на работата, поради што државата губи огромни суми пари па претседателот Доналд Трамп најави дека околу Велигден очекува укинување на рестрикциите и повторно стартување на економијата, против насоките на здравствените експерти.

Трамповата администрација за првпат по 50 години ја спушти невработеноста под 4 отсто. До минатата недела во САД имаше нешто помалку од шест милиони невработени, односно 3,5 отсто, па овие 3,3 милиони се огромен пораст.

Во САД во моментов има повеќе од 70.000 заразени со коронавирусот, а умреа повеќе од илјада луѓе.

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе