Венецуела се обидува да ги избегне санкциите на САД, нафтата ја продава преку Русија

Претседателот Николас Мадуро ја насочува заработката од продажбата на нафтата преку рускиот енергетски џин Роснефт, обидувајќи се да ги избегне американските санкции воведени со цел да го тргнат од власта, наведуваат извори и документи што ги пренесува Ројтерс.

Таквата трговија е знак на растечката зависност на владата на Венецуела од Русија, додека Америка ја стега финансиската замка околу Мадуро кого го смета за диктатор.

Со економското заздравување, по годините рецесија и наглиот пад на производството на нафта, Венецуела веќе се мачеше со финансирањето на увозот и државната потрошувачка и пред Вашингтон во јануари да ги наметне строгите ограничувања на државната нафтена компанија ПДВСА.

Нафтата сочинува повеќе од 90 отсто од извозот на членката на ОПЕК и најголем дел од државните приходи. Мадуро го обвинува американскиот претседател Доналд Трамп за водење економска војна против Венецуела.

Администрацијата на Мадуро од јануари преговара со сојузниците во Москва за начините на одминување на забраната за клиентите кои ѝ плаќаат на ПДВСА во долари, тврдат изворите. Русија јавно изјави дека санкциите на САД се незаконски и дека со Венецуела ќе работи на тоа да им одолее.

Според она што го открила агенцијата Ројтерс, венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА почнала на Роснефт да му ги проследува сметките од својата продажба на нафта.

Рускиот енергетски џин веднаш ѝ плаќа на ПДВСА со попуст на продажната цена, при што ја избегнува вообичаената временска рамка од 30 до 90 дена за довршување на нафтените трансакции и подоцна го наплаќа целиот износ од купувачот, се наведува во документите.

„ПДВСА му ги испорачува своите сметки за наплата на Роснефт“, изјавил извор од венецуелската државна компанија.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе