Увозот на работници од Балканот позитивно влијаел врз германската економија

Увозот на работна сила од Западен Балкан има позитивно влијание врз германскиот пазар на трудот, велат резултатите од истражувањето спроведено од Институтот за истражување на пазарот на трудот во Нирнберг.

Фото: ЕПА

„Точно 54 отсто од вработените според правилата за вработување луѓе од Западен Балкан се квалификувани работници, четири проценти се висококвалификувани, а 42 отсто се помошни работници“, се вели во извештајот објавен денес.

Новата регулатива за вработување работници од Западен Балкан беше воведена во почетокот на 2016 година, откако земјите од овој регион беа вклучени во списокот на т.н. безбедни земји, што практично ја исклучи можноста граѓаните на овие земји да добијат азил во Германија.

Критичарите велат дека ова довело до тоа во Германија да доаѓаат само неквалификувани работници во секторот на пониски плати и постари работници. Се зборуваше дека поради краткиот работен век до пензионирањето и ниските придобивки од социјалните фондови по пензионирањето, тие ќе паднат на товар на германскиот систем.

Студијата на ИАБ исто така покажа дека во Германија преку правилата за Западен Балкан доаѓаат претежно помлади работници. Во 2016 и 2017 година 73 проценти од работниците биле под 40-годишна возраст, а 86 проценти биле мажи. Најголем процент, 44 проценти, се вработени во градежништвото, а 13 проценти во гастрономијата.

„Интеграцијата на пазарот на трудот на луѓето што пристигнаа во Германија преку ова правило беше успешна ако се има предвид стабилноста на работата и заработката во споредба со другите доселенички групи и локалното население“, се заклучува во студијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе