Уште три милиони Американци останале без работа, вкупно 36 милиони за два месеци

Пандемијата на коронавирусот продолжува да има силно влијание врз пазарот на труд во Соединетите Американски Држави.

EPA-EFE/Peter Foley

Оваа недела без работа останале речиси три милиони луѓе, соопшти американското министерство за труд.

Нови 2,981 милион се пријавиле за надомест за невработени, што е дури повеќе од проценката за минатата недела која се движеше околу 2,5 милиони.

Во изминатите два месеци над 36 милиони Американци останаа без работа.

Заклучно со вчера, во САД се забележани 1,39 милиони случаи на зараза со вирусот, додека има над 85.000 смртни случаи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Peter Foley

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе