Унгарија прогласи за тајни детали од договорот со Кина за пругата Белград-Будимпешта

Унгарскиот парламент изгласа дека детали од договорот за кинеското финансирање на железничката пруга Будимпешта-Белград да останат тајни во следните 10 години, јавува Франс прес и истакнува дека инвестирањето во тој инфраструктурен проект се смета за најважната некогаш реализирана инвестиција во Унгарија.

EPA-EFE/ANDREA VERDE

Унгарија и Кина потпишаа на крајот на април договор за кредит за финансирање на изградба на железница за брзи возови меѓу Белград и Будимпешта.

Владата во Будимпешта на почетокот на април, пред потпишувањето на договорот, предложи закон со кој како тајни би се класифицирале сите податоци за договорот вреден 2,1 милијарди долари со рок на завршување од 10 години. Во предлог законот пишуваше дека тоа е потребно за да се обезбеди кредитот од Кинеската увозно-извозна банка.

Во него пишува и дека откривањето детали од договорот „би ги загрозиле капацитетите на Унгарија да ја спроведува својата надворешна политика и трговските интереси“.

Унгарија со тој закон сака да се заштити од „несоодветно надворешно влијание, истакнувајќи дека станува збор за проект кој е од најголем национален интерес.

Транспорт на кинеската стока од Грција на запад

Министерот за финансии Михаил Варга кажа дека каматата на кинескиот кредит е фиксна и дека постои опција за порана отплата, но не наведе други детали.

Според договорот со кинеската државна банка Ексим, Унгарија ќе финансира 85 отсто од трошоците на инвестицијата, а останатите 15 отсто ќе се финансираат од фондови.

Во усвоениот закон пишува дека Будимпешта може да ја објави содржината на документите „откако ќе добие дозвола од Народна Република Кина“.

Пругата, дел од поширокиот кинески проект „Еден појас, еден пат“ кој би требало да отвори нови трговски правци за кинеските компании, е првиот голем инфраструктурен проект на територијата на Европската Унија.

Целта е да ја транспортира кинеската стока од Грција во западна Европа, но недостигаат клучни делови на Балканот.

Проектот, највредниот во Унгарија по нуклеарната централа Пакс која ќе ја гради руската компанија Росатом, треба да ѝ помогне на унгарската економија погодена од епидемијата на коронавирусот.

Унгарската делница долга 150 километри ќе ја кради конзорциумот ЦРЕ кој ја вклучува компанијата Опус глобал, со која раководи претприемачот Лоринц Месарош, близок до премиерот Виктор Орбан.

Проектот досега претрпе значителни доцнења. Кина, Србија и Унгарија во 2014 потпишаа меморандум за изградба на железничкиот правец, изградбата во Србија почна во 2018 откако земјата од Кина позајми 297,6 милиони долари.

По десет години соработка на Кина и источноевропските држави, во рамки на иницијативата 17+1, тоа ќе биде првиот поголем инфраструктурен проект на таа иницијатива во ЕУ.

На кинеската иницијатива на Новиот пат на свилата ѝ се придружија и Италија, Португалија и Грција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ANDREA VERDE

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе