Украина и Русија конечно ги решија спорните прашања за договорот со кој Европа треба да добие руска нафта

Украинската компанија Укртранснафта (Нафтогаз) и руската компанија Транснефт го продолжија договорот за транзит на нафтата на територијата на Украина на 10 години.

Оваа информација ја соопшти прес-службата на украинската компанија на Фејсбук.

Документот го потпишаа директорот на Укртранснафта Николај Гавриленко и потпретседателот на Транснефт Сергеј Андронов во рамки на меѓународната конференција Енергетиката во 21 век која се одржува во Загреб.

Како што се наведува, со договорот е потпишан и дополнителен договор, а документот важи до 1 јануари 2030 година.

Се истакнува дека основните принципи на соработката на двата оператери не се менувани и дека склучувањето на дополнителниот договор гарантира безбедна и сигурна работа на украинскиот систем за транспорт на нафтата на долгорочна основа.

„Покрај продолжувањето на договорот, дополнителниот договор меѓу Укртранснафта и Транснефт актуелизира низа одредби, земајќи ја предвид моменталната состојба на промената на пазарот на услуги на транспорт на нафтата во регионот“, се наведува во соопштението.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе