Ублажувањето на ковид мерките во Кина ги крена цените на нафтата

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари кон 89 долари, поттикнати од ублажувањето на мерките за сузбивање на ковид-19 во Кина кои би требало да ја ослободат побарувачката во најголемиот увозник на нафта во светот.

EPA-EFE

На лондонскиот пазар цената на барелот беше повисока за 1,87 долари во споредба со затворањето на тргувањето и изнесуваше 88,84 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше за 2,02 долари повисока цена, од 82,57 долари.

Трговците ги охрабри објавата на кинеските градови Гуангжу и Чонгџинг дека ќе ги ублажат мерките за сузбивање на ковид, бидејќи ја протолкуваа како промена во кинеската стратегија за нулта толеранција кон коронавирусот.

„Назнаките кои доаѓаат од Кина изгледаат многу позитивно. Дури и скромно ублажување на политиката на нула толеранција ќе наиде на добар одек и заслужува таква реакција“, кажа Крег Ерлам од брокерската куќа ОАНДА.

Поддршка на цените на нафтата даде и послабиот долар, откако гувернерот на американската централна банка изјави дека би можел да го ублажи темпото на зголемување на каматните стапки.

Трговците се подготвуваат и за неделниот состанок на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузнички. Иако извори кажаа дека се мали шансите да се смени производната политика, некои сепак сметаат дека не може да се исклучи можноста за намалување на производството.

„Мислам дека состанокот на ОПЕК+ ги присилува трговците да ги пополнат испразнетите позиции, но сите прогнозираат дека нема да ги менуваат производните квоти“, кажа Тамас Варга од ПМВ.

Поттик на цените им даваат и сигналите од ЕУ дека лимитот на цената за руската нафта би можел да биде од 65 до 70 долари. Пазарите мирно реагираа бидејќи тој лимит е повисок од актуелните пазарни цени на руската нафта. Официјален договор не е постигнат, а лимитот би требало да стапи на сила на 5 декември, паралелно со ембаргото на руската нафта.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе