Турската економија силно порасна во третиот квартал

Турската економија во третото тромесечје пораснала за 7,4 отсто во однос на истиот период лани, поддржано од силна потрошувачка побарувачка, производство и извоз, покажуваат податоците на државната статистичка агенција Туркстат.

EPA-EFE

Во однос на претходните три месеци, турскиот бруто домашен производ (БДП) во периодот од јули до септември пораснал за 2,7 отсто, покажуваат сезонските и календарски прилагодените податоци на статистичката агенција, објавени вчера.

Статистичката агенција го ревидирала податокот за растот на БДП во второто тромесечје, кој сега покажува дека економијата скокнала за 22 отсто на годишно ниво, благодарение на силното опоравување од коронакризата, но и ниската споредбена основа на почетокот на пандемијата во пролетта 2020.

Првата проценка на статистичката агенција покажувала раст од 21,7 отсто во вториот квартал.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој е силен противник на повисоки каматни стапки, изјави дека приоритет на владата ќе биде растот на економијата, вработувањата и инвестициите.

Во рамки на циклусот за ублажување на монетарната политика за поддршка на економијата турската централна банка ја намали од септември клучната каматна стапка за дури четири процентни бода, на 15 отсто.

Економистите ваквите потези на банката ги сметаат за неефикасни, имајќи ги предвид скокот на инфлацијата во Турција на 20 отсто и остриот пад на вредноста на турската лира, која од почетокот на годината спрема доларот ослабе големи 43 отсто, пишува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе