Турција влезе во рецесија

Турција минатата година официјално влезе во рецесија, откако нејзиниот бруто домашен производ (БДП) падна за 2,4 отсто во четвртиот квартал во однос на претходното тромесечје.

Оваа информација денес ја соопшти турскиот завод за статистика.

Таквото забавување на економијата следи по падот на БДП од 1,6 отсто во третото тромесечје, пренесува Би-би-си, и потсетува дека два последователни квартали на негативен економски раст по дефиниција се рецесија.

Трговската војна со САД доведе до голем пад на вредноста на турската лира, поради што поскапе увозот. Турската валута ослабе за 30 отсто во однос на доларот минатата година, што значи дека увозот на стока во Турција поскапел за третина.

Поради тоа централната турска банка ги зголеми каматните стапки, со што ја крена цената на задолжување, а со тешкотии се соочија и сегментите на продажба на автомобили, недвижности, но и индустриското производство.

На ниво на целата 2018 година, Турција оствари економски раст од 2,6 отсто, што е најбавното темпо од 2009 година.

Во 2017 година беше забележан економски раст од 7,4 отсто.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе