Турција престана да купува иранска нафта

Турција на почетокот на мај целосно престана да увезува иранска нафта за да ги испочитува американските санкции, иако не ги одобрува, изјави функционер на турската влада.

„Како стратегиски сојузник на Соединетите Американски Држави, ги почитуваме санкциите“, изјави функционерот, сакајќи да остане анонимен, на маргините на посетата на Вашингтон каде престојува во придружбата на заменикот на турскиот министер за надворешни работи Јавуз Селим Киран.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги воведе американските санкции против Иран, откако пред една година се повлече од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма. Тие санкции особено забрануваат увоз на иранска нафта, а се однесуваат на сите земји кои планираат да ја купуваат.

За осум земји, меѓу кои Турција, Кина, Индија и Јапонија на почетокот имаше исклучок, за да можат да ја купуваат иранската нафта, но по 2 мај „дупката“ не беше обновена.

Кога беше објавено дека нема да има исклучоци, се чинеше дека Анкара нема да се покори на тоа. „Нема да прифатиме еднострани санкции и наметнување таков начин на кој ќе ги уредуваме односите со соседите“, изјави тогаш турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Но, Турција сепак на 2 мај престанача да увезува иранска нафта, потврди турскиот функционер.

Турската делегација ја потсетила Трамповата администрација на бројните пречки кои ги нарушуваат односите меѓу двете земји-сојузнички во НАТО. Почнувајќи од турското купување на руските ракетни системи С-400. Американците се загрижени поради набавката која е во тек и се закануваат дека нема на Турција да ѝ ги достават своите најсовремени борбени авиони Ф-35, за кои Анкара исто така го почна процесот на набавка, а и дека ќе ѝ воведат економски санкции.

„Тој договор е склучен“, кажа вчера во Вашингтон турскиот заменик министер за надворешни работи, потврдувајќи дека неговата земја нема да се откаже од догорот со Москва.

Турција на американската влада ѝ предложила формирање заедничка техничка работна група за да се смират стравувањата на САД кои се сомневаат дека технологијата со која се опремени системите С-400 служи за собирање технолошки податоци за воените авиони на НАТО и дека на тој начин Русија би можела да ги следи.

„Сѐ уште чекаме одговор“ на предлогот за техничка комисија, изјави турскиот функционер.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе