Според турски медиуми

Турција би можела да ја користи рубљата во трговијата со Русија

Турција би можела да ја користи рубљата во трговијата со Русија, јави турската телевизија А хабер, цитирајќи го турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

EPA-EFE

Анкара и Москва може да користат „долар, евро, рубља, злато и јуан во трговијата“, кажал Ердоган во телефонскиот разговор со рускиот колега Владимир Путин, јави телевизијата.

Путин и Ердоган разговарале за ситуацијата во Украина и економските последици на острите санкции наметнати на Русија од Европската Унија, САД и други земји.

Ердоган ја истакнал важноста на одржување на дијалогот со Москва. Путин, од друга страна, кажал дека ќе даде инструкции 30 брода со сончогледово масло кои во моментов се наоѓаат во Азовското Море да тргнат кон Турција, пренесува А хабер.

Русија е еден од главните трговски партнери на Турција. Во декември 2021, Турција извезла стока вредна над половина милијарда долари во Русија, според информациите на Трејдинг економикс. Русија во 2019 година во Турција извезла стока вредна 16,4 милијарди долари, според Опсерваторијата на економската комплексност (ОЕЦ), а најголемите извозни продукти биле рафинираните деривати, сировата нафта и пченицата. Во последните години трговската размена меѓу двете земји расте за околу 10 отсто годишно.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе