Рекорден пад на извозот

Трговскиот дефицит во САД скокна за 11,6 отсто во март

Трговскиот дефицит на САД скокна за 11,6 отсто во март во однос на февруарскиот, поради рекрдниот пад на извозот како последица на пандемијата на коронавирусот која ја сопре економската активност во земјата, покажуваат официјалните податоци.

Трговскиот дефицит е зголемен во март на 44,4 милијарди долари од 39,8 милијарди во февруари.

Американскиот извоз забележа пад од 9,6 отсто на 187,7 милијарди долари како последица на падот на нарачките за автомобили, автомобилски делови и индустриски машини. Увозот падна за 6,2 отсто на 233,2 милијарди долари.

Вкупната трговска размена на САД изнесувала 419,9 милијарди долари во март, што е пад од 7,8 отсто во однос на февруати или 11,4 отсто во однос на март минатата година.

„Падот на извозот и увозот во март делумно е резултат на влијанието на ковид-19, бидејќи бројни компании работеа со ограничен капацитет или целосно ја прекинаа активноста, доека движењето на патниците преку границите беше ограниено“, наведе во соопштение министерството за трговија.

Особено е забележан пад на извозот на индустриска опрема, од секторот на автомобилското производство, индустријата на цивилната авијација и пред сѐ услугите.

Политички чувствителниот дефицит во стоковата трговија со Кина паднал за 21,3 отсто на 15,5 милијарди долари во март додека извозот малку пораснал а увозот паднал.

Коорнавирусот и мерките на изолација и рестрикциите за патувања воведени да го сузбијат тешко ја погодија светската економија и ја парализираа глобалната трговија.

Кумулативно во првото тромесечие трговскиот дефицит на стоки и услуги падна за 17,8 отсто во споредба со истиот период во 2019 година поради намалувањето на трговската размена со Кина.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе