Трговската војна на Трамп со Кина ги чини САД 245 илјади работни места

САД поради трговската војна која претседателот Доналд Трамп ја почна со Кина изгубиле 245.000 работни места, а постепеното обострано намалување на царините би поттикнало раст и делумно би ја надоместило загубата, покажува истражување.

EPA-EFE

Студијата ја нарачал Американско-кинескиот бизнис совет (УСКБЦ), здружението на големите американски компании кои работат во Кина, а ја изработил Оксфорд економикс.

Обострано постепено намалување на царините би резултирало со отворање 145 илјади работни места во САД до 2025 година, утврдиле авторите.

„Сценариото на ескалација“ претставува пак кинење на врските меѓу двете водечки светски економии, со проценка дека во тој случај американскиот БДП би можел да се намали за 1.600 милијарди долари во следните 5 години, бројот на работни места во 2022 за 732 илјади и за 320 илјади до 2025.

Студијата е објавена само неколку дена пред во Белата куќа да влезе новоизбраниот претседател Џо Бајден и да почне голема анализа на американската трговска политика, вклучувајќи консултации со сојузниците за казнените царини на Трамп, пишува Ројтерс.

Бајден кажа дека во догледно време не планира да ги менува, но дека ќе соработува со сојузниците за да ја притисне Кина да ја промени трговската политика.

Претседателот на УСКБЦ Крег Ален ги поддржуваше обидите на Трамп да ја смени кинеската политика околу прашањата на трговијата и преносот на технологијата, а сега истакнува дека е важно здружението да ги артикулира можните последици на политичките одлуки во американско-кинеските односи.

„Во случајот на царините многу е важно да го разбереме целосниот економски трошок на таквите одлуки“, кажа Ален.

Студијата проценува дека американскиот извоз во Кина поддржува 1,2 милиони работни места во САД и дека кинеските мултинационални компании директно вработуваат 197 милиони Американци. Американските компании во 2019 во Кина вложиле 105 милијарди долари.

„Бидејќи Кина во следната деценија ќе биде генератор на околу третина од глобалниот раст, зачувувањето на пристапот до кинескиот пазар е сè поважно за светскиот успех на американските компании“, заклучува студијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе