Му порача на ОПЕК да се „опушти“

Трамп успеа да ја намали цената на нафтата со само еден твит

Цената на нафтата падна денес на меѓународните пазари откако американскиот претседател Доналд Трамп им порача на земјите членки на ОПЕК да „олабават“ бидејќи цените се превисоки – од почетокот на годината до денес пораснаа за 20 отсто.

На лондонската берза цената на барелот падна за 91 цент, на 66,21 долар, откако го достигна највисокото ниво за оваа година од 67,47 долари. На американскиот пазар барелот падна за 74 центи, на 56,52 долари.

„Цените на нафтата стануваат превисоки. ОПЕК, те молам, опушти се малку. Светскиот пазар не може да поднесе поголем раст на цените, кревок е“, напиша Трамп на Твитер.

Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), заедно со партнерите надвор од групата како Русија, договорија намалување на производството за 1,2 милиони барели дневно во оваа година, за да ги урамнотежат понудата и побарувачката и да поддржат раст на цените.

Цените на нафтата годинава пораснаа за околу 20 отсто, главно благодарение на намалувањето на производството на ОПЕК, но и поради американските санкции на извозот на нафта од Иран и Венецуела.

Трамп често за високите цени го обвинува ОПЕК, иако Соединетите Држави станаа најголем светски произведувач благодарение на производството од шкрилци.

На неизвесната слика на снабдувањето се надоврзуваат и вестите од Либија, каде производството е често нарушено од политичките тензии, и насилствата од најголемата африканска извозничка Нигерија.

Аналитичарите на Голдман Сакс денес објавија дека „краткорочните процени за цената на нафтата е дека во следните два-три месеци скромно ќе расте“, но дека се очекува во 2019 да биде пониска поради зголемувањето на американскиот извоз и „сѐ поголемите несигурности околу економскиот раст, политиката и геополитичката заднина“.

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе