Трамп тврди дека преговорите со Кина одат добро, Пекинг не е оптимистичен

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека трговските преговори со Кина добро напредуваат, но не изнесе детали за можен договор со кој би се ставил крај на одмерувањето на силите меѓу двата економски џина.

„Добро напредуваат“, едноставно одговори Трамп на прашањето за состојбата на преговорите.

Пекинг претходно неделава реагираше помалку оптимистично.

Трговските преговори се „многу тешки и преостанува многу работа“, иако е постигнат напредок во некои области, изјави во вторникот кинескиот министер за трговија.

Вашингтон и Пекинг на почетокот на годината почнаа сериозни преговори за да ги решат трговските спорови и царинската војна која минатата година ја почна Доналд Трамп.

Трамп реши да наплати царини на над 200 милијарди долари вредни увезени кинески производи за да го присили Пекинг на преговори.

Американците тврдат дека сакаат да ја прекинат кинеската бизнис пракса која ја сметаат за нелојална, од субвенциите до непочитувањето на интелектуалната сопственост.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе