Трамп сака да им го укине повластениот трговски статус на Индија и Турција

Според упатствата на претседателот Доналд Трамп, американската администрација ја најави можноста за укинување на повластениот трговски статус на Индија и Турција, со што предизвика критики од Анкара, додека Индија не дава големо значење на таа одлука.

САД сакаат да ги укинат повластените трговски договори со Турција и Индија бидејќи „повеќе не ги задоволуваат критериумите“ на програмата на Генерализираниот систем на преференци (ГСП).

„На барање на претседателот Доналд Трамп, американскиот трговски претставник објави дека САД планираат да го укинат повластениот трговски статус на Индија и Турција, земјите во развој кои ја користат програмата ГСП“, соопшти кабинетот на американскиот трговски претставник.

Индија, меѓутоа, „воведе бројни трговски пречки кои создаваат сериозни негативни ефекти врз трговијата на Соединетите Држави“, се додава во соопштението.

За Турција оваа американска институција смета дека, откако станала корисник на ГСП во 1975, покажала „повисоко ниво на економски развој“, што значи дека може да „дипломира“ од оваа програма.

Турската министерка за трговија Рухсар Пекџан на Твитер објави дека одлуката на Вашингтон е контрадикторна со прокламираната цел за зголемување на трговската размена меѓу двете земји на 75 милијарди долари.

Кабинетот на американскиот трговски претставник уште во август го разгледуваше правото на Турција на користење на ГСП, наведувајќи ја одлуката на Анкара за воведување дополнителни даноци на американските производи во вредност од 1,78 милијарди долари, како одговор на американските давачки на челик и алуминиум.

Што се однесува до Индија, министерот за трговија Ануп Вадхаван оцени дека „излегувањето од ГСП нема да има значително влијание врз индискиот извоз во САД“.

Откако ќе биде информиран Конгресот, најавените промени можат да стапат на сила најрано за 60 дена. Трамп целата постапка ја почна во понеделникот со писма до претседателот на Претставничкиот дом и претседателот на Сенатот.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе