Трамп почнува голем план за спасување на економијата, ќе им испраќа чекови на граѓаните (ВИДЕО)

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и Американската централна банка ги удвоија напорите за пандемијата на коронавирусот да не ја голтне првата светска економија и најавија голема финансиска помош за најпогодените компании и домаќинства.

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин работи со Сенатот и Претставничкиот дом на „смела и голема“ програма за помош, изјави Трамп на конференција за новинарите.

По задоцнетата реакција против ширењето на вирусот, Трамп се пофали со невидениот размер на тој план и истакна дека „верува дека такво нешто не е видено“.

Коронавирусот ковид-19, кој се шири насекаде по светот, присили многу земји да преземаат драстични мерки. Во Соединетите Американски Држави се сопрени авионските летови, затворени се училиштата, кафаните и рестораните.

Не е дозволено собирање на повеќе од 10 луѓе, што исто така влијае врз целосната економска активност на земјата.

„Ќе се справиме со проблемот и ќе излеземе поголеми, посилни и подобри од кога било“, порача Трамп.

Мнучин не го откри износот на планот за помош, но американските медиуми спомнуваат 850 милијарди долари.

„Планираме на Американците веднаш да им испратиме чекови, во следните две недели“, кажа Мнучин. Со таква мерка се послужи администрацијата на Џорџ В. Буш за време на кризата во 2008 година.

Мнучин ја истакна важноста од вбризгување пари за помош на домаќинствата и малите компании кои се најтешко погодени од кризата и додаде дека ќе обезбеди кредити за воздушниот превоз и хотелиерството.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе