Трамп побара од членките на ОПЕК да го зголемат производството на нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) да го зголемат производството на нафта бидејќи цените нагло пораснаа.

„Многу е важно ОПЕК да ја зголеми понудата на нафта. Светските пазари се кревки, цените на нафтата стануваат превисоки. Ви благодарам!“, напиша Трамп на Твитер.

Слична порака американскиот претседател на нафтениот картел му напиша и минатиот месец. „Цените на нафтата стануваат превисоки! ОПЕК, смирете ја ситуацијата, само полека. Светот не може да толерира скок на цените – кревок е!“

Цените на сировата нафта пораснаа во првите месеци од 2019 година. САД не се членка на ОПЕК, но се голем извезувач на енергенси.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе