Трамп очекува договор на Русија и Саудиска Арабија: „Знаат што мора да направат“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува Саудиска Арабија и Русија во следните неколку дена да постигнат договор за ограничување на производството на нафта.

Како што кажа, со тоа би завршила војната со цените која ја „урна“ нафтената индустрија низ светот.

„Мислам дека тие ќе успеат да се договорат во следните неколку дена. Двете земји знаат што мора да направат“, кажа Трамп на конференција за медиумите во Белата куќа, не наведувајќи детали за причините за својот оптимизам, пренесува Ројтерс.

„Нафтената индустрија низ светот е урната“, кажа тој, укажувајќи на напливот на понуда на пазарот на нафта поради борбата за пазарнот удел меѓу Ријад и Москва, која цените на „црното злато“ ги спушти на 18-годишен минимум.

Трамп наведе дека сака да ја врати нафтената индустрија „таму каде што беше“.

„Мислам дека знам што правам за тоа да го решам. Не сакаме да ги изгубиме нашите прекрасни нафтени компании, не би сакал да повлекувам изнудени потези“, кажа претседателот на САД, без да каже на што мисли.

„Мислам дека Русија и Саудиска Арабија во некој момент ќе постигнат договор, во не толку далечна иднина, бидејќи ова е многу лоши и за Русија и за Саудиска Арабија“, оцени тој и додаде дека имал „одлични“ одвоени разговори со саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман и рускиот претседател Владимир Путин во последните неколку дена.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе