Трамп ѝ се закани на Кина со уште поостра трговска војна

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Пекинг со уште поостра трговска војна доколку биде повторно избран и предвиде пад на бројот на работни места и компании во Кина, занемарувајќи ги приговорите на американските индустријалци кои ги трпат последиците на неговата протекционистичка политика.

Тој ги предупреди кинеските власти да не се обидуваат да добијат на време до американските избори во 2020, во надеж дека тој нема да биде повторно избран.

„Замислете што ќе ѝ се случи на Кина ако победам“, напиша на Твитер. „Условите на договорот би биле многу построги“, се закани тој додека во неделата на сила стапија новите засилени царини за кинески производи во вредност од милијарди долари.

„Иако сум сигурен дека тие радо би преговарале со нова администрација за да продолжат да ги измамуваат САД (600 милијарди долари годишно) подолго од 16 месеци, тоа е долг период за поднесување долгорочни загуби во работни места и компании“, додаде американскиот претседател.

Набрзо по твитовите на Трамп, се појави извештај за падот на производниот сектор на САД во август, со што беше прекината низата од 35 месеци непрекинат раст. Индексот на производството ИСМ падна на најниско ниво од јануари 2016 кога Трамп ја презема должноста.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе