Тензиите на Блискиот Исток и ограниченото снабдување ги кренаа цените на нафтата

Цените на нафтата пораснаа денес на меѓународните пазари речиси до 22 долари поради засилените тензии на Блискиот Исток, намалувањето на производството на водечките произведувачи и најавата за помош во санацијата на економските последици на пандемијата на коронавирусот.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 1,60 долари во однос на претходно затворање и изнесуваше 21,97 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 1,74 долари повисока цена, од 15,52 долари.

Цената на нафтата минува низ една од најтурбулентните недели во историјата на тргувањето. Во понеделникот на американскиот пазар во договорите за испорака во мај за првпат падна во негатива бидејќи трговците поради недостиг од место за складирање почнаа да ја продаваат нафтата под набавната цена.

Расположението на пазарот и понатаму го одредуваат загриженоста поради падот на побарувачката откако владите ги ограничија патувањата за да го сопрат ширењето на коронавирусот и недостигот од простор за складирање. Аналитичарите сепак не очекуваат реприза на ценовниот шок од почетокот на неделата.

Денес цената на нафтата се качи под влијание на засилените тензии на Блискиот Исток. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ѝ наредил на воената морнарица да пука во сите ирански бродови кои ќе ја „малтретираат“ во Персискиот Залив.

Американскиот претседател подоцна сепак додаде дека не планира да ги смени правилата на воениот ангажман.

Шефот на иранската Револуционерна гарда, пак, кажа дека Техеран ќе ги уништи американските воени бродови ако безбедноста на Иран биде нарушена во Персискиот Залив.

„Тоа повторно ги зајакнува тензиите меѓу Соединетите Држави и Иран. Но, ако ја имаме предвид состојбата на нафтениот пазар, тешко дека ќе обезбедат потрајна поддршка на пазарот, освен ако ситуацијата не ескалира“, изјави шефот на стоковата стратегија на ИНГ Ворен Патерсон.

Цената ја поддржува и намаленото производство на членките на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници.

Размерот на прекумерната понуда и намалената побарувачка г покажува и податокот дека резервите на сирова нафта американската влада минатата недела пораснале за дури 15 милиони барели, иако нивното вкупно ниво е пониско отколку што се стравуваше.

Расположението на паразите го поддржа и ветувањето за дополнителна владина помош на економијата. Се очекува американскиот Претставнички дом денес да одобри околу 500 милијарди долари помош и да обезбеди средства за малите компании и болниците.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе