Светската трговска организација – новиот фронт на САД и Кина

Нов фронт е отворен во конфликтот на Кина и Америка. Двете големи сили се борат за лидерското место во Светската трговска организација (СТО).

EPA-EFE

Со тоа се борат и за поставување нови меѓународни трговски правила, кои можат да ги променат светските текови на пари.

Американците и Кинезите се соочија и во изборот на нов генерален директор на Светската трговска организација. Борбата за поставување нови меѓународни трговски правила почна, пишува Ејжа никеи ривју, англиската верзија на најголемиот светски економски магазин од Јапонија.

Како што наведува весникот, официјален Пекинг ја поддржува Амина Мохамед, поранешната министерка за надворешни работи на Кенија, земја во која Кина на големо инвестира.

Од друга страна Американците го поддржуваат Тим Гросер, поранешниот новозеландски министер за трговија, кој сака да ги реформира трговските правила според желбите на Вашингтон.

Досегашниот директор на СТО Роберто Азеведо ненадејно даде оставка, а процедурата за избор на нов шеф почна во понеделникот на 8 јуни.

Амина Мохамед, доколку биде избрана, би била првата жена, но и првата личност од Африка на челото на СТО.

Преку државните банки и претпријатија, Кина инвестираше големи суми пари во Кенија, но и во други земји во Африка, преку инфраструктурни и проекти насочени кон природните богатства. Кина во СТО се позиционираше како претставник на земјите во развој.

Одделни експерти, пишува јапонскиот весник, сметаат дека Кина преку Амина Мохамед би фаворизирала нови трговски правила во корист токму на земјите во развој.

Од друга страна Гросер, кој беше амбасадор на Нов Зеланд во САД и изрази загриженост поради подемот на Кина, важи за човек близок до намерите на САД и би можел да почне реформа на светските трговски правила во корист на Вашингтон.

СТО до сега имала шест генерални директори и на таа позиција се менуваа претставници на развиените и земјите во развој.

Бидејќи Азаведо е од Бразил, големи се шансите неговиот наследник да биде од некоја од развиените земји.

Тука се вклопува Гросер, но Европската Унија, пак, има на ум друг кандидат, бидејќи не ги поддржува реформите какви што ги замислува Вашингтон.

ЕУ сака да го кандидира европскиот комесар за трговија Фил Хоган, а медиумите од Ирска, од каде што доаѓа тој, наведуваат дека би ја прифатил кандидатурата.

СТО важи за организација која ја брани слободата на трговијата, но нејзиниот систем за жалби е парализиран откако САД го блокираа именувањето на апелациските судии. Исто така, блокирани се и разговорите во Доха, каде членките разговараа за реформи на меѓународниот трговски систем и намалување на трговските бариери. Тие заглавија околу прашањата во врска со дигиталната економија и трендовите на следната генерација во трговијата.

Кина преку изборот на својот кадар во СТО би можела да добие меѓународна поддршка во трговскиот конфликт со САД. Од друга страна, иако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги фаворизира билатералните трговски договори, Белата куќа не може да ја игнорира меѓународната рамка ниту да ѝ дозволи на Кина да го шири своето влијание во СТО.

Судирот на Кина и Америка веќе се преслика на некои меѓународни организации. Така Америка го блокираше кинескиот кандидат за директор на Светската организација за интелектуална сопственост на Обединетите нации. Трамп влезе во конфликт и со Светската здравствена организација поради пандемијата на коронавирусот, обвинувајќи го нејзиниот шеф Тедрос Гебрејесус за блискост со Кина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе