Светската економија е помалку отпорна на криза отколку во 2007 година

Светската економија денес е помалку отпорна на глобална финансиска криза отколку што беше во 2007 година, покажува индексот на макроекономската отпорност кој заеднички го развија швајцарскиот институт СРЕ и британскиот универзитет ЛСЕ.

Новиот индекс користи податоци од 31 земја со 75-отстотно учество во светскиот бруто домашен производ (БДП), а го сочинуваат различни варијабли кои даваат подобра слика за здравјето на економиите од движењето на БДП.

Анализата покажува дека 80 отсто од земјите биле поранливи на криза минатата година од 2017, а главните причинис е исцрпеноста на опциите на монетарната политика во многу развиени земји и предизвиците кои стојат пред банкарскиот сектор, и покрај тоа што финансиските институции денес се посилни отколку што беа на почетокот на кризата.

Анализата покажува дека Швајцарија и Канада остануваа најсилни економии, а на трето место се Соединетите Американски Држави. Гледано по региони, најголем пад на отпорноста бележи еврозоната, особено земјите на периферијата како Италија и Грција, поради слабата фискална позиција, исцрпеноста на монетарната политика, сѐ уште слабиот банкарски систем, неефикасноста на пазарот на труд и послабата развиеност на финансиските пазари.

Сротивно на макроекономскиот индекс на отпорност, од почетокот на овој век значително е порасната отпорноста на домаќинствата на ризици како природни катастрофи, смртноста и потрошувачката за здравство. Заштитата за тие три потенцијални шока е удвоена од 2000 година, па денес осигурителната индустрија располага со 1,2 илјади милијарди американски долари.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе