Српски економисти: Србија ќе има пад на БДП од еден отсто, најмал во Европа

Србија, според економските индикатори, имаше исклучително тешка година, но ќе ја заврши подобро отколку што прогнозираа меѓународните финансиски институции на почетокот на кризата, е оценката на економскиот билтен Месечни анализи и трендови (МАТ) на почетокот на 2021 година.

EPA-EFE

Падот на српската економија во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот ќе биде околу еден отсто, што е најмал пад во Европа, оцени уредникот на МАТ Иван Николиќ.

Тој за српскиот портал Бизнис оцени дека тоа е резултат на последиците од пакетот за помош на српската влада за сузбивање на негативните ефекти на пандемијата, но и фактот дека српската економија влезе во кризата со висок економски раст, суфицит во буџетот и втора година по ред земјоделството оствари добар резултат.

Владата на Србија во текот на 2020 преку повеќе пакети за помош на економијата, особено за малите и средни претпријатија, издвои повеќе од 5,1 милијарди евра, изјави на крајот на минатата година министерот за финансии Синиша Мали.

Николиќ смета дека пакетот мерки на српската влада бил „обилен“ и дека одговарал на економскиот потенцијал на домашната економија.

Таа помош од околу 12,7 отсто од БДП, според Николиќ, била најголема во регионот – под Србија според помошта на државата за сузбивање на последиците на коронакризата беа и околните земји кои се во ЕУ, како Романија, Бугарија, Хрватска, па и Чешка и Летонија.

Зборувајќи за тоа каква ќе биде економската 2021 година, експертите сугерираат дека за Србија е многу важно да го одржи високото ниво директни странски инвестиции.

Го истакнуваат фактот дека Србија, и покрај коронакризата, ја завршила 2020 година со околу 2,8 милијарди евра инвестиции, што е повеќе од 60 отсто од вкупните инвестиции во регионот на Западен Балкан.

Проценките на економските експерти се дека Србија, доколку нема дополнителни економски крахови, на крајот на 2021 година би можела да се врати на нивото пред кризата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе