Србија на меѓународниот пазар продаде обврзници од две милијарди евра

Србија продаде државни обврзници во вредност од две милијарди евра на меѓународниот финансиски пазар, соопшти Министерството за финансии.

Како што се наведува, обврзниците ќе бидат листирани на лондонската берза, а за наплата доспеваат во 2027 година.

„Србија е единствената земја во Европа што за време на пандемијата на ковид-19 излезе на меѓународниот пазар на капитал, без помош на Европската централна банка во пласирањето хартии од вредност“, се вели во соопштението.

Се додава дека повеќе од 300 странски инвеститори, меѓу кои и „угледни фондови, осигурителни компании и банки“, искажале побарувачка за над седум милијарди евра, што е, како што се наведува, скоро четири пати повеќе од понудената вредност на емисијата.

„Обемот на продажбата на еврообврзници изнесуваше две милијарди евра, со купонска стапка од 3,125 проценти, стапка на принос од 3,375 проценти и рок на достасување од седум години, и покрај првичното очекување на инвеститорите дека обврзницата ќе се издаде по повисока каматна стапка. Сепак, поради голем интерес, каматната стапка е значително намалена“, се вели во соопштението.

Се проценува дека ова е „уште еден сигнал дека инвеститорите имаат доверба во Србија, и покрај кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, која влијаеше на целиот свет и особено на финансиските пазари“.

„На овој начин, инвеститорите покажаа дека Србија добро реагираше за време на пандемијата на вирусот и дека донесе соодветни економски мерки, кои ќе ѝ помогнат на економијата да го надмине овој период и да го продолжи економскиот раст“, соопшти Министерството за финансии.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе