Србија ја ограничи цената на гасот

Српската влада вчера усвои указ за привремено ограничување на цената на гасот и надоместот на разликата во цената на природниот гас набавен од увоз или произведен во Србија во случај на нарушување на пазарот на природен гас.

EPA-EFE

Како што се наведува во соопштението на српската влада, целта на указот е отстранување на последиците од скок на цените на природниот гас како начин за ублажување на последиците на енергетската криза, со цел заштита на економијата и граѓаните.

Се додава дека за обезбедување нормално снабдување на сите потрошувачи со природен гас нужно е да се обезбеди правото на надомест на разликата во цената на природниот гас набавен од увоз, кој се користи за пресметка на цената за понатамошна продажба на испораки до крајните купувачи.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во вчерашното обраќање кажа дека сериозни црни облаци се надвиле над земјата и дека тоа нема од никого да го крие.

„Луѓето мислат дека нештата се подразбираат, дека секогаш сè ќе има доволно, струја, нафта, гас... Тешко“, кажа Вучиќ и додаде дека разговарал со повеќе светски лидери во изминатите денови.

„Не знам дали е точно, но многумина од нив прогнозираат потешка состојба од онаа пред Втората светска војна“, кажа Вучиќ додавајќи дека на српскиот народ на есен единството ќе му биде попотребно од кога било бидејќи, како што кажа, следи најтешкото време од 1945 година и големи искушенија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе