Србија дел од своите резерви гас ќе чува во Унгарија

Србија ќе го складира својот природен гас во унгарски складишта за гас за следната зима, кажа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по разговорот со српскиот министер за финансии. Белград планира да насочи 500 милиони кубни метри гас во унгарските складишта до крајот на јуни, кажа српскиот министер за финансии Синиша Мали на заедничката конференција за медиуми.

EPA-EFE

„Се сложивме во актуелните исклучително критични времиња кога енергетската безбедност не е природна состојба, да придонесеме на гарантирањето на енергетската безбедност едни на други“, кажа Сијарто. Унгарија има многу поголеми капацитети за складирање гас од своите соседи и може да складира повеќе од шест милијарди кубни метри гас, а пополнети се само четвртина од складиштата.

Унгарија поголемиот дел од својот гас го увезува од Русија со гасовод низ Србија. Двете земји ќе го удвојат капацитетот на интерконекторите на своето електроенергетски системи, а се очекува проектот да биде завршен за шест до осум години.

Мали кажа дека Србија, која е речиси целосно зависна од рускиот гас, до октомври ќе има вкупно три милијарди кубни метри гас во складиштата, вклучувајќи ги и тие во Унгарија. Сијарто повтори дека Унгарија нема да го поддржи предлогот на Европската Унија за нафтено ембарго на Русија додека не се најде решение кое ќе ја обезбеди енергетската сигурност на Унгарија.

Премиерот Виктор Орбан кажа дека за предложените нови санкции против Русија не би требало да се расправа на самитот на лидерите на ЕУ следната недела. Сијарто кажа дека секоја земја е слободна самата да одлучи дали ќе купува нафта од Русија или не, но истакна дека е потребна едногласност за одобрување на санкции на ЕУ.

Белград, кој балансира меѓу своите европски аспирации и верската, историската и политичката поврзаност со Русија, ги осуди руските акции во Украина, но одби да ѝ наметне санкции на Москва.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе