Спутник: Ултиматум до Русија да го намали производството на нафта

И покрај најавите, сѐ уште нема консензус меѓу Русија и Саудиска Арабија за намалување на производството на нафта, а за сѐ ќе биде одлучено на денот на состанокот на групата ОПЕК+ на 9 април, изјави за руската агенција Спутник извор запознаен со подготовката на состанокот.

„Засега нема консензус меѓу главните земји на форматот, Русија и Саудиска Арабија, за намалување на производството на нафта. Најверојатно сѐ ќе биде одлучено на денот на состанокот. Засега е тешко да се прогнозираат резултатите“, изјави изворот.

Според него, „кога првично беше планирано средбата да се одржи на 6 април, нацрт договор веќе беше спремен“.

„Некои учесници дури се сложија, но сѐ пропадна поради ставот на Саудиска Арабија, која не се сложи со квотите. Поради тоа не е јасно што ќе се случи овој пат, но подготовките за средбата се во тек“, прецизираше изворот на Спутник.

Ултиматумот на Саудиска Арабија

Воочи вонредниот состанок на ОПЕК+, на кој инсистираше Ријад, Саудиска Арабија на Русија ѝ постави тежок ултиматум: главните произведувачи од Блискиот Исток ќе се согласат да го намалат производството, но само ако Русија го намали поголемиот удел во производството.

Со тоа беше предложен и прилично итар механизам на ограничувањето: Саудиска Арабија објави дека е спремна да ја намали квотата за три милиони барели, додека на Обединетите Арапски Емирати и на Русја им е предложено секоја да намали за 1,5 милиони барели.

Финтата е во тоа што ова намалување е пресметано од актуелното ниво на производство. А Русија во април, по завршувањето на меморандумот за ограничување на производството во рамки на ОПЕК+ не го зголеми производството и го задржа на ниво од 11,2 милиони барели. Од друга страна, Ријад го зголеми производството од 9,8 милиони на 12,3 милиони барели.

Основните преметки покажуваат дека реалното намалување во Саудиска Арабија во однос на март ќе изнесува само 500 илјади барели. Во Обединетите Арапски Емирати производството се зголеми за милион барели, па нивното ограничување на производството ќе чини исто толку.

Русија, меѓутоа, Ријад ултимативно ја повикува тројно да го намали производство, односно инсистира токму таа да ги преземе врз себе главните финансиски пенали кои на другите држави-произведувачи ќе им овозможат да го вратат сопствениот профит.

Сепак, постои и еден позитивен момент – американскиот претседател Доналд Трамп за првпат не ја исклучи можноста американските компании, кои сега предводат во производството на „црното злато“, да ги намалат своите капацитети. Експертите сметаат дека оваа желба на Трамп е остварлива во пракса. Трамп смета дека тоа ќе се случи автоматски, бидејќи на пазарот едноставно нема побарувачка.

Одложен состанокот на земјит од ОПЕК+

Претходно претставник на министерството за енергетика на Русија соопшти дека Русија ќе учествува на состанокот на ОПЕК+ на 9 април во формат на видео-конференција, на која групата ќе ја разгледа можноста за намалување на производството на нафта.

Претседателот на Русија Владимир Путин во петокот кажа дека причините за падот на цената на нафтата е ситуцијата со коронавирусот и повлекувањето на Саудиска Арабија од договорот ОПЕК+, зголемувањето на нејзиното производство и најавата дека е спремна да даде попусти.

Притоа и Путин и министерот за енергетика Александар Новак изјавија дека пазарот бара заеднички акции на кои руските нафтени компании се спремни, но заедно со ОПЕК+ и големите произведувачи на нафта како Соединетите Американски Држави.

Заедно овие земји би можеле да го намалат производството за 10 милиони барели на ден од нивото пред кризата во првиот квартал, објасни Путин.

Во март државите од ОПЕК+ не успеаја да се договорат за промените на параметрите на договорот за намалување на производството на нафта, ниту за негово продолжување.

Саудиска Арабија инсистира на дополнително намалување на производството, што не е во интерес на Русија која се залага за зачувување на досегашниот договор. Конференцијата на ОПЕК+ е закажана за утре.

Освен Русија, покана за учество добија седумте најголеми извозници на нафта кои не се дел од ОПЕК: Аргенитина, Бразил, Норвешка, Колумбија, Египет, Индонезија, Тринидад и Тобаго. Меѓутоа Соединетите Држави и Канада, чие придружување на договорот би можело да биде клучно, нема да учествуваат на конференцијата.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе