Спутник: Бугарија скапо ќе ја плати гасната независност

Се поизвесно е дека Бугарија, по 2022 година ќе може да се снабдува со гас преку ЛНГ терминалот во грчкиот град Александрополис, каде што националната бугарска компанија Булгартрансгаз е сопственик на петтина од капиталот.

И тој терминал, за кој се зборува веќе со години, не е повеќе флоскула во политичките ветувања дека ќе работи на реализација на нови извори на снабдување со гас, пишува руски Спутник.

„Фазата на поврзување во испитување на пазарот за резервација на пловечкиот ЛНГ терминал во Александрополис е завршена на 24 март 2020 со голем успех“, соопшти грчката компанија Гастрејд која го развува проектот.

Од Гастрејд наведоа дека станува збор за долгорочни збирни и обврзувачки понуди на период до 15 години, кои достигнале 2,6 милијарди кубни метри природен гас годишно.

За снабдување преку овој пловечки терминал се јавиле и грчки и меѓународни компании, кои се бават со природен гас, како и крајни потрошувачи.

Течниот природен гас (ТПГ) кој ќе стигне до терминалите ќе биде регасифициран и испорачан на пазарите на Грција и југоисточна Европа преку Грчкиот национален систем за пренос на природен гас (ННГТС).

Гастрејд е грчка компанија. Терминалот опфаќа крајбрежна пловечка единица за прием, складирање и регасификација, која ќе биде сместена на 17,6 километри од Александрополис на североистокот на Грција (30 километри од границата со Турција и 300 километри од Солун), и гасовод за испорака на гасот, преку кој природниот гас ќе биде испорачан до ННГТС и понатаму до крајните потрошувачи.

Бугарија, односно нивната национална компанија Булгартрансгаз да биде сопственик на петтина од овој терминал бугарската влада одлучи на почетокот на 2020 година.

Интересно е што одлуката беше донесена на 8 јануари, кога во Турција се одржа свеченото пуштање во употреба на гасоводот Турски тек.

Во објаснувањето на оваа одлука владата на Бугарија наведе дека нивното учество во проектот се вклопува во енергетската стратегија: политика на диверсификација на изворите и маршрутите на испораки на природен гас за гарантирање енергетска безбедност и постигнување конкурентна цена за бугарските потрошувачи.

Тоа е, исто така, значителен чекор кон остварување на идејата за гасниот јазол „Балкан“, кој бугарскиот премиер Бојко Борисов почна да го најавува веднаш по откажувањето од изградбата на гасоводот Јужен тек, а за што доби поддршка од бриселската и американската дипломатија.

Бугарија, која годишно троши околу 3,5 милијарди кубни метри гас годишно преку гасниот терминал во Александрополос резервира, за десет години однапред, доставување на 500 милиони кубни метри гас годишно.

Бугарија, инаку и со Азербејџан договори набавка на гас, кој во Грција ќе пристигнува по гасоводот ТАП, чие завршување се очекува кон крајот на оваа година.

И азербејџанскиот гас кој ќе пристигнува преку терминалот во Александрополис и во Бугарија треба да се транспортира преку гасоводот ИГБ од грчкиот град Комотини до бугарска Загора.

Преку овој гасоводот проектирано е да бидат транспортирани до три милијарди кубни метри гас годишно, а предвидено е и зголемување на капацитетот на пет милијарди. „Идната година ќе можеме да им кажеме на Бугарите: Вие сте гасно независни и можеме да ви испорачуваме гас од секаде. Практично, тоа е вистинска диверсификација“, кажа Борисов при посетата на објектот ИГБ.

Во ова негово фалење проблемот е само во тоа што од Грција преку гасоводот ИГБ, кога нормално ќе биде завршен, снабдувањето е условено со завршувањето на гасоводот ТАП, чие завршување постојано се одложува, но и од терминалот во Александрополис, каде сѐ уште не се дефинирани сите акционери.

Од Бугарија кон крајот на 2019 почна да тече гасот од Турски тек за бугарските и македонските потрошувачи.

Тоа на Бугарија секако ѝ обезбедува енергетска независност бидејќи оваа земја повеќе не зависи од транспортот на рускиот гас преку Украина.

А Борисов, кој изгледа дека преку „гасна независност“ го смета снабдувањето со неруски гас од терминалот во Александрополис, би требалод а знае дека и Газпром почнува со продажба на течен природен гас, а дека руски Новатек својот ЛНГ веќе го продава далеку поевтино од американскиот гас, заклучува Спутник.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе