Словенија воведе уште построги мерки, Јанша ги објасни деталите на „мегазаконот“

За да го спречи ширењето на коронавирусот, словенечката влада донесе одлука според која граѓаните не смеат да ја напуштаат територијата на општината во која живеат, со исклучоци како заминување на работа.

Одлуката за привремена општа забрана за движење и собирање на луѓе на јавните места и површините и забраната за движење надвор од општините  на постојан или привремен престој стапи на сила денес во 00:00 часот и важи до укинувањето, објави синоќа словенечката влада на Твитер.

Одлуката за забрана на напуштањето на матичната општина не се однесува на службите и дејностите со кои се обезбедува функционирањето на државата, на локалните заедници и на јавните служби.

Движењето, пристапот и задржувањето на јавно место, со мерки на социјално дистанцирање, е дозволено за заминување на работа, извршување економски, земјоделски и шумарски активности и остранување непосредна опасност за здравјето, животот и имотот. Останатите причини вклучуваат помош на лицата на кои им е потребна за заминување во аптека или здравствени установи.

Премиерот Јанез Јанша кажа дека станува збор за рестрикции кои се донесуваат бидејќи некои веќе донесе ограничувања во изминатите денови биле кршени.

Но, ни овие рестрикции сами по себе нема да помогнат во зауздувањето на епидемијата ако сите не ги почитуваат строго, кажа тој.

„Мегазаконот“ за помош на населението и економијата тежок 3 милијарди евра за надминување на последиците на епидемијата на ковид-19 е потребен за премостување до времето на излегување од кризата, кажа Јанша.

„Целиот финансиски пакет е тежок 3 милијарди евра, тоа е нешто што досега во Словенија го немало. Со него интервенираме во бројни подрачја за како општество да можеме нормално да функционираме и кога оваа криза ќе заврши“, кажа Јанша претставувајќи го новиот закон.

Тој очекува законот следната недела да биде прифатен во парламентот за да може што побрзо да се спроведува.

Освен широката помош преку плаќање на придонесите и уплата на основен минимален доход на широк круг мали и микро претпријатија, помош на социјално загрозените и пензионерите со најниски пензии кои за време на кризата ќе добиваат специјални додатоци, владата истакна дека се особено важни мерките за претприемачите и бизнисмените поради големиот пад на нивниот промет.

И тие ќе имаат право на основниот доход кој го обезбедува државата, ќе им се одложи плаќањето на данокот на доход, а намалувањето на плаите ќе се правда со специјална лична изјава.

Државата своите обврски од „мегазаконот“ ќе ги исплаќа најдоцна за осум дена, а ќе им издаде и гаранции на претпријатијата во финансиски тешкотии вредни 200 милиони евра за банките да можат да им ја одложат наплатата на финансиските обврски од задолжувањата.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе