Скокнаа цените на нафтата, се размислува за најголемо намалување на производството од 2020

Цените на нафтата скокнаа денес на меѓународните пазари кон 89 долари откако водечките произведувачи навестија дека би можеле да го намалат производството најмногу од првата година на пандемијата.

EPA-EFE

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 3,77 долари отколку на затворањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 88,91 долар. На американскиот пазар се тргуваше по повисока цена од 3,95 долари, односно за 83,44 долари.

Пазарите на почетокот на неделата ги разнишаа тврдењата на извори од Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и групата нивни сојузници дека пред состанокот кон средината на неделата се размислува за намалување на производството од над милион барели дневно.

Бројката не го вклучува дополнителното доброволно намалување во одделни членки, напомена изворот од ОПЕК.

Групата со тоа би ги поддржала цените кои во летните месеци паднаа поради послабата побарувачка во Кина и стравувањата дека кренатите каматни стапки во големите економии ќе предизвикаат рецесија и ќе ѝ наштетат на побарувачката.

Дополнителен проблем во изминатите месеци беше посилниот долар, кој ја намалуваше куповната моќ на муштериите со другите валути.

„Овонеделниот состанок е со несигурност во заднината, но фундаментите на нафтата се релативно здрави“, вели Питер Мекнили од инвестициско-истражувачката компанија Трд бриџ.

„Двете најголеми прашања се изгледите на побарувачката (особено во Кина) и што ќе биде со руското снабдување откако на 5 декември ќе стапи на сила забраната на ЕУ“, додаде Мекнили.

Во мај ОПЕК+ произведуваше речиси три милиони барели дневно помалку од зацртаното, поради санкциите и слабите инвестиции кои на членките им ги ограничуваа капацитетите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе