Кинеската државна агенција

Синхуа: Социјализмот е најдобриот пат за искоренување на сиромаштијата

Две години до крајот на рокот кој кинеската влада го постави за целосно искоренување во сиромаштијата во оваа земја клучна улога има социјалистичкиот систем, пишува кинеската државна новинска агенција Синхуа.

„Социјализмот значи напредок. Напредокот мора да служи за заеднички просперитет за сите“, изјави претседателот Си Џинпинг за време на посетата на југозападниот дел на земјата, односно на градот покраина Чонгкинг.

Комунистичката партија на Кина ѝ објави војна на сиромаштијата и вети во 2017 година дека ќе ја искорени во сите заостанати делови од земјата и тоа до крајот на 2020 година.

Намалувањето на сиромаштијата така стана стратегиска задача за земјата, пишува Синхуа, а властите на сите нивоа преземаат чекори за таа да се исполни на време.

„Кинескиот социјалистички систем овозможи обединување на сите расположиви ресурси за остварување на целта од почеток до крај, особено кога станува збор за приходите. Благодарение на макотрпната работа, над 700 милиони Кинези излегоа од сиромаштијата во последните четири децении, а стапката на сиромаштија во руралните краишта се намали од 97,5 во 1978 на 1,7 отсто“, пишува кинеската агенција.

Членови на партијата, вклучувајќи владини службеници, војници и високообразувани работници, испратени се низ земјата во сиромашните краишта за да работат на остварување на главната владина задача.

Две години пред истекот на рокот, земјата се наоѓа во критичен момент на завршувањето на најтешката задача на својата кампања за намалување на сиромаштијата. Социјалистичкиот систем ќе продолжи да ја покажува својата сила во последните фази на борбата, пишува Синхуа.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе