Силен пад на биткоинот, за 24 часа избришани милијарди

Биткоинот и други дигитални валути силно паднаа утринава бришејќи преку 260 милијарди долари вредност на пазарот на криптовалути.

EPA-EFE

Во денешното тргување цената на биткоинот изнесуваше 49.281,40 долари, што е пад од околу 10 отсто во последните 24 часа, според податоците на Коиндексот.

Етериум се спушти на 2.202,05 долари, или за повеќе од 11 отсто. ХРП, петтата по големина светска криптовалута падна за повеќе од 22 отсто, покажуваат податоците за следење на цените Коинмаркеткеп.

Со тоа се збришани околу 260 милијарди долари вредност од целиот пазар на криптовалути.

Засега не е јасна причината за оваа масовна распродажба, но познато е дека криптовалутите се подложни на екстремни промени на вредноста.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе