Гардијан

Што е СВИФТ и што ќе се постигне со исфрлањето на Русија од него?

Руската инвазија на Украина го засили притисокот за построги економски санкции кон Москва. Повеќе земји побараа Москва да биде исклучена од СВИФТ - главната меѓународна платежна мрежа во светот - со цел тоа да ја погоди руската трговија и да им го отежни бизнисот на нејзините компании.

Фото: ЕПА

Што е СВИФТ?

СВИФТ (Друштво за светски меѓубанкарски финансиски телекомуникации) е главниот безбеден систем за пораки што банките го користат за брзи и сигурни прекугранични плаќања, овозможувајќи меѓународната трговија да тече непречено. Тој стана главен механизам за финансирање на меѓународната трговија. Во 2020 година околу 38 милиони трансакции се испраќаа секој ден преку платформата СВИФТ, со што се олеснија зделки во вредност од илјада милијарди долари, вели Гардијан.

Кој е сопственик на СВИФТ?

СВИФТ, основан во 1970-тите, е задруга на илјадници институции членки што ја користат услугата. Со седиште во Белгија, таа останува неутрална во трговските спорови, водејќи се главно како услуга за нејзините членови.

Зошто забраната за СВИФТ би била толку сериозна?

Борис Џонсон им рече на пратениците дека ќе ѝ се наштети на руската економија ако биде исфрлена од СВИФТ. И најбаналните трансакции ќе треба да се спроведуваат директно помеѓу банките, или да се пренасочуваат преку неразвиените ривалски системи, што ќе ги зголеми трошоците и ќе предизвика доцнења.

Зошто САД не сакаат да ја спроведат забраната?

Една од причините е тоа што ударот врз руските бизниси можеби нема да биде толку сериозен. Шефот на големата руска банка, ВТБ, неодамна изјави дека може да користи други канали за плаќања, како што се телефони, апликации за пораки или е-пошта. Руските банки, исто така, би можеле да ги насочат плаќањата преку земјите што не воведоа санкции, како што е Кина, која воспостави сопствен платен систем за да му конкурира на СВИФТ. Забраната Русија да го користи СВИФТ би можела да ја забрза употребата на кинескиот ривалски Кипс-систем. Исто така, постои страв дека тоа може да го оштети статусот на американскиот долар како глобална резервна валута и да ја забрза употребата на алтернативите како што се криптовалутите.

Дали забраната на СВИФТ би влијаела на другите земји?

Администрацијата на Бајден е загрижена и дека забраната може да им наштети на нејзините сојузници исто како и на руските фирми. Русија е голем купувач на странска производствена стока, особено од Холандија и Германија. Русија е главниот снабдувач на ЕУ со сурова нафта, природен гас и цврсти фосилни горива, а европските земји би можеле да имаат проблеми во наоѓањето алтернативни добавувачи.

Дали СВИФТ бил поврзан со економски санкции?

Во минатото СВИФТ им одолеваше на повиците за воведување забрани за одредени земји, опишувајќи се себеси како неутрален. Но во 2012 година Европската Унија му забрани на СВИФТ да ги услужува иранските фирми и поединци што беа санкционирани во врска со нуклеарната програма на Техеран, што претставува преседан за таква активност против Русија. Портпаролот на СВИФТ одби да каже како организацијата ќе одговори на какви било американски санкции, рече Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе