Шпанија воведува дигитален данок за дигиталните џинови Гугл, Амазон и Фејсбук

Шпанија планира да воведе нов данок кој ќе го плаќаат главно големите дигитални компании како Гугл, Амазон и Фејсбук, изјави министерката за финансии Марија Хесус Монтеро.

Левичарската влада ги усогласи ставовите околу воведувањето на данокот кој според министерката би требало да генерира приход од околу милијарда евра годишно.

Данокот по стапка од три отсто ќе го плаќаат дигиталните компании кои на глобално ниво остваруваат годишни приходи од 750 милиони евра и нагоре, односно три милиони евра и повеќе во Шпанија.

Владата не седница ја усвои и одлуката за воведување данок на финансиски транскации кој на државната каса би требало да ѝ донесе 850 милиони евра.

Парламентот би требало да го усвои предлог законот во следните недели, а стапувањето на сила се очекува најдоцна во второто тромесечие.

На Шпанија итно ѝ се потребни дополнителни 1,8 милијарди евра приходи кои веќе се зацртани во буџетот за оваа година.

Европската комисија го предупреди Мадрид да не го зголемува трошењето за социјална грижа доколку буџетските приходи не ѝ го дозволуваат тоа.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе